Прозорски системи

Енергетска ефикасност до совршенство: Полно армиран прозорски профил од високотехнолошки материјал РАУ – ФИПРО

ГЕНЕО е енергетски најдобриот прозорски профил кој моментално го има на пазарот со длабочина на вградување 86 mm.
Она што го прави посебен е високотехнолошкиот материјал РАУ - ФИПРО. Тоа е материјал со влакнесто мрежно врзување кој што овозможува голема стабилност на профилот. Во 90 % од примените веќе не се потребни челични армирања како кај другите прозорски профили. На тој начин со ГЕНЕО се добиваат најдобри вредности на топлинска изолација, бидејќи топлинските мостови кои што се создаваат при примена на челик отпаѓаат. Исто така со ГЕНЕО се веќе повеќе од исполнети критериумите кои ги поставува правилникот за заштеда на електрична енергија (EnEV). Истовремено овој систем нуди оптимални предуслови за дизајн и комфор – без притоа да има компромиси за топлинската изолација.

Карактеристики:

•    Длабочина на вградување: 86 mm / средишен дихтунг
•    Број на комори: 6 комори
•    Топлинска изолација: Uf = до 0,86 W/m²K
•    Заштеда на енергија: до 76% *
•    Материјал: материјал со влакнесто мрежно врзување РАУ-ФИПРО®, коекструдиран надворешен слој од високо квалитетен РАУ-ПВЦ за најдобар квалитет на површините
•    Звучна изолација: без челично армирање до Rw,P = 47 dB (со застаклување Rw = 50 dB)
•    Заштита од провалување: до класа на отпор 3, до класа на отпор 2 без челик
•    Пропустливост на воздух: 4 (EN 12207)
•    Заштита од поројни дождови: 9A (EN 12208)
*Намалување на енергетските загуби на прозорецот со замена на стариот дрвен/пластичен прозорец од 80 те години (Uf = 1,9, Ug = 3,0) со прозорци од ГЕНЕО профили(Uf = 0,86, Ug = 0,5, големина на прозорец123 x 148 cm)


Предности
•    Полно армиран прозорски систем без дополнително челично армирање
•    Одлична стабилност со високо технолошки материјал РАУ-ФИПРО®, усовршена профилна конструкција и интегриран систем на зајакнување (IVS)
•    Тенки рамки 115 мм кои овозможуваат оптимално навлегување на светлина
•    Рационално складирање и производство со полно армирање
•    Полесно ракување и монтажа заради тежинска предност до 40% наспроти обичните системи на прозорски профили
•    Функционални комори за оптимизирање на изолационите карактеристики со термо модули
•    Голема длабочина на фалца од 66 мм за изведба на тројно застаклување
•    Намален притисок на затворање а со тоа и полесно отварање и затварање со ново развиена геометрија на дихтување
•    High Definition Finishing-површина (HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување.
•    Еколошки производ, а со тоа и можност за рециклирање
•    Енергетска ефикасност до совршенство – со ГЕНЕО ПРОГРАМАТА (прозорци, влезни врати, подигачко – клизни врати) добивате одлична изолација.
•    ГЕНЕО прозорци во објекти 
prozor1prozor2
•    Премиум систем со влакнесто мрежно врзување со длабочина на вградување 86 mm за исполнување и на највисоките барања за дизајн и функција

Ваши прозорци - Ваш стил

Прозорците допринесуваат не само за многу светлина и удобност во сопствените четири ѕида туку  се и олицетворение на вашиот дом. Овозможете му на вашиот дом да добие индивидуален карактер  со прозорците од РЕХАУ . Ви ги нудиме сите можности да ги обликувате вашите прозорци по ваш вкус. Дали класично бели или во боја – благодарение на нашата огромна палета на форми и бои – на фантазијата и нема граници.


Боја:
Со над 220 бои секоја желба станува стварност. Во нашата палета на бои ќе најдете не само универзални бои со глатки површини туку и  благородни дрво декори или антрацит со структурирани површини. 
boja
Форма:
Индивидуалните форми како кружен или троаголен прозорец  отвараат нови архитектонски можности. Дали голем или мал, еднокрилен или двокрилен, со пречка или без – може да ги обликувате Вашите прозорци по ваш вкус. 
forma

 

 

 

 

Ролетни и комарници

Системи на ролетни за стара и новоградба
Реновирање на стари градби или новоградба, Комфорт Дизајн плус ги исполнува критериумите за заштита од сонце, насилно влегување, од светлина и инсекти. Трите големини на кутии за ролетни 155 mm, 195 mm и 195 mm се подобни за реновирање на стари градби како резултат на компактната монтажа, додека кутијата со големина од 245 mm се применува за поголеми елементи за прозорци и врати во новоградба. 
Карактеристики:
•    Компатибилен со прозорските системи кои ги има на пазарот од дрво, пластика и алуминиум 
•    Димензиониран за длабочина на рам 58 - 90 mm
•    Топлинска изолација: U < 0,85 W/m²K
•    Звучна изолација до Rw,P= 42 dB
•    Големини на кутии 155, 195, 195 универзални и 245 mm
•    Висини на елементи до 1,5 m кај големина на кутија 155 mm
•    Висини на елементи до 2,7 m кај големина на кутија 195, 195 универзални и 245 mm
•    Големини на кутии 195 универзални и 245 по избор со капак за ревизија кој се отвара надоле а со тоа и можност за полесно чистење
•    Опремување по избор со примена на гуртни, курбли или електромотори.
Предности
•    Вистинско решение за висини до 2,7 метри во новоградби и староградби
•    Интегриран комарник (од прозирна мрежа ) за големини на кутии 195, 195 универзални и 245
•    Големини на кутии 195 универзални и 245 по избор со капак за ревизија кој се отвара надоле а со тоа и можност за полесно чистење
•    Кос профил кој ја води влагата нанадвор

roletni1

•    Комфорт-дизајн плус во куќа за повеќе домаќинства 
roletni2
•    Комфорт-дизајн плус за стара и нова градба

Систем за влезни врати

Енергетска ефикасност & дизајн до совршенство
Колку е подобра изолацијата на објектот, толку помалку се троши електрична енергија. Системот за подигачко лизгачки врати ГЕНЕО од високотехнолошкиот материјал РАУ ФИПРО е комбинација на големи стаклени површини со најдобра енергетска ефикасност и други предности како завучна изоалција, заштита од кражба и комфор.
•    Длабочина на вградување: 86 mm
•    Систем со 5 комори
•    Топлинска изолација: Uf до1,3 W/m²K
•    Звучна изолација до Rw,P = 43 dB
•    Заштита од кражба до класа на отпор 2 (ENV 1627)
•    Пропустливост на воздух: Класа 4 според EN 12207
•    Заштита од поројни дождови: до класа 9A според EN 12208
•    Заштита од ветар: до класа B3 според EN 12210

Предности
•    Одлична стабилност на профилот со високо технолошки материјал РАУ-ФИПРО
•    Лесно ракување со со оптимално усогласена системска техника
•    Дихтунзи со припремени агли кои штитат од провев, прашина, вода и загуби на вода.
•    Сигурна инвестиција со исполнување на EnEV-стандардите
•    Невообичаени архитектури со затворени елементи
•    High Definition Finishing-површина (HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување.
•    Еколошки производ, а со тоа и можност за рециклирање
•    Енергетска ефикасност до совршенство – со ГЕНЕО ПРОГРАМАТА (прозорци, влезни врати, подигачко – клизни врати) добивате одлична изолација

Докажан систем со длабочина на вградување 70 мм
Системот Брилант дизајн како докажан систем за прозорци и врати со топлинска изолација и голем избор на профили, веќе го има на располагање и како систем за подигачко лизгачки врати. 
Независно дали се работи за стара или новоградба , системот воодушевува со флексибилните можности на примена.

Карактеристики:
•    Длабочина на вградување: 70 mm
•    Број на комори: 4 комори
•    Топлинска изоалација: Uf= 1,9 W/m²K
Термички поделен рам и алуминиумски праг
Со подигачко - лизгачката врата Брилант-дизајн можни се различни начини на отварање ПВЦ систем со длабочина на вградување 70mm
prozor3

•    Звучна изолација до дебелина на стакла 44 mm
•    Заштита од кражба до класа на отпор (ENV 1627)
•    Заштита од провев/поројни дождови: до класа 4 (EN 12207/9A (EN 12208)

Предности
•    Компатибилен со РЕХАУ прозорските профили
•    Елементи со широчини до 10 m
•    High Definition Finishing-површина (HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување.
•    Еколошки производ, а со тоа и можност за рециклирање